СЈО го доби на разгледување случајот „Монструм”, се чека одлука за превземање

14.03.2018 | 17:13
Прочитано: 1198

Продолжува политичкит пазар со судбината на нашите деца кои шест години скапуваат во земја! Имате ли душа судија, имате ли деца? До кога ќе се купува време?

Ваква беше реакцијата на родителите на убиените момчиња и рибарот кај Смилковското езеро на второто одложување на судењето за предметот „Монструм“ откако Врховен ја укина пресудата и ги пушти обвинетите од притвор.

Причината за одложувањето беше известувањето на СЈО во кое се наведува дека Катица Јанева го побарала и добила предметот од организиран криминал и во рок од осум дена треба да одлучи дали ќе го застапува на суд.

Судијата Огнен Ставрев ги сослуша родителите, но побара разбирање од нив дека без предмет и без обвинител не може да работи.

Не е во ред. Судот си игра мајтап со случајот „Монструм“ веќе шест огдини. Почитичките партии се пазарат со нашиот случај. Претходната власт ни тврдеше едно, а сегашната власт ни тврди дека Опел омега е на МВР и има паднат телефон на висок функционер на разузнавање. На обвинителна клупа да седнат и тие што се прогласени како државна тајна“, вели Горан Наќевски - татко на убиениот Александар Наќевски.

Адвокатите на обвинетите се задоволни со барањето на СЈО да утврдува дали е надлежно за случајот „Монструм“.

Мислам дека дефинитивно надлежноста е на СЈО, бидејќи има прислушкувани разговори кои беа придадени од тогашниот лидер на опозицијата и мислам дека со овие разговори кои ги поседува СЈО дека ќе се расветли овој случај па дури и ќе се најдат виновниците на овој грозоморен чин“, вели Насер Рауфи - адвокат.

Никогаш не е доцнада се утврди вистината. Овде и двете страни се повредени, и страната на обвинетите која што е неосновано по наше видување скоро шест години о притвор и страната на оштетените кои сакаат да ја знаат вистината кој е виновен за смртта нанивните деца. Со учеството на СЈО сигурен сум дека тоа ќе се расчисти“, вели Сашо Дуковски - адвокат.

Следното рочиште за „Монструм“ е закажано за 17 април. Во масакрот кај Смилковското езеро кој се случи пред речиси шест години беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски. За убиствата на доживотна казна затвор беа осудени шестмина обвинети - двајца онив Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во бегство. Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири пак од декември минатата година се бранат од слобода.



Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.