СЈО ги оспорува медицинските оправдувања на Јанкулоска во „Тенк“

13.06.2018 | 17:25
Прочитано: 2948

„Сопругот на Гордана Јанкулоска ја подигнал лекарската потврда за боледување, но тоа го сторил во нејзино име“ – рече Јавниот обвинител, Стевчо Донев. До ваква констатација дошло Специјалното јавно обвинителство по извршената проверка преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат и комисија од Лекарската комора.

Обвинетата, на 31. минатиот месец, се јавила на лекар поради влошена здравствена состојба, стоело во приложената докуметацијата и токму поради тоа, обвинителот Донев изрази сомнеж во веродостојноста на документот.

„Документацијата е противзаконски изготвена,  бидејќи е изготвена по барање на сопругот на Гордана Јанкуловска и притоа таа не е заведена кај матичниот лекар. Обвинетата одеше на други судења и покрај ризичната бременост.“ - вели обвинителот Стевчо Донев.

Јанкулоска која денес не седна на обвинителна клупа за случајот „Тенк“, а во која нејзе и се суди во одвоена постапка, минатата недела се пожали на, наводно, лош третман од судот.  Судијката Добрила Кацарска, со целосно разбирање за обвинетата, го одложи денешното, но и утрешното рочиште, но закажа 25 нови рочишта, а на одбраната и порача во иднина да не си поигрува со судот.

„Јас како мајка и како жена ја разбирам нејзината ситуација. Ова е последен пат да се одложува рочиште, но доколку тоа не се почитува, во иднина, ќе преземам и други мерки. На следните рочишта нема да прифатам никакви оправдувања и медицински белешки кои би довеле до спречување и ефикасно водење на натамошниот тек на постапката“ - рече Кацарска.

Гордана Јанкулоска, минатата недела, преку отворено писмо им се обрати на министерките Рената Дескоска и Мила Царовска. Таа се пожали на долгите судски процеси и се повика на одредени права, а се пожали на интезитетот на судењето за „Тенк“.

Јанкулоска, со истото оправдување, дека мора да мирува до 15. овој месец, не се појави ниту на судењето за „Титаник“ пред две недели.


Елена Милошeвска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.