СЈО бараше притвор за обвинет во случајот „Шамари во Центар“

13.03.2018 | 17:16
Прочитано: 2188

Специјалното обвинителство побара притвор за обвинетиот Милан Андоновски во случајот Шамари во Центар. Поради неговото отсуство овој случај до сега е одложен три пати, вели Фатиме Фетаи. Дијагнозата ларингитис и препишан лек Амоксиклав поради која е на боледување според СЈО е несериозна и не го спречува Андоновски да се појави во судница. Но, судот го одби нивниот предлог  за притвор како неоснован.

„Со ништо не се наведува дека обвинетиот не може да се појави во судница. Ние овде нема да копаме физичка работа. Пола од присутните во судницава имаат ларингит. А притворот нема да го спречи лекувањето и ќе си ги прима амоксиклавите. Можеле да смислат нешто поприемчиво, барем и температура да ставеле во боледувањето.“ - изјави Гаврил Бубевски.

Овие  аргументи укажуваат на забеганост на СЈО вели  Никола Груевски кој е првообвинет нарачател на насилството во општина Центар. Засега е обвинет во пет случаи на специјалното обвинтелство, за дела за кои се предвидени високи затворски казни. Тој не ја исклучува можноста да му се пресуди со затвор во тие случаи, но надежта ја остава во раце на судиите.

„Ова стана театар на апсурд. Ако не се работи по закон, се е можно. Кога имате заборено судство се е можно. Секој ден се соочуваме со нови неправди и се чувствувам како едно од врвните дела посветени на апсурдот и процесот Кафка.“ - изјави Никола Груевски.

Следното рочиште продолжува на 3 април. Ќе сведочи поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски и вработени во општината. На обвинителна клупа освен Груевски ќе се појават и некогашните блиски сопартијци Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и уште седуммина партиски активисти кои учествувале во протестите пред општинските бараки во 2013та година.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.