Системски реформи во УБК: Тајната полиција да се врати во служба на граѓаните

22.06.2018 | 23:36
Прочитано: 2012

Дали новото раководство се уште прислушува со истите системи на Тајната полиција? Директно го праша првиот човек на УБК, брат на еден од обвинетите за случајот Смилковско Езеро. Бил следен од претходната власт, но се уште е мета на притисоци, му се пожали тој на првиот разузнавач, на  конференција посветена на безбедносниот сектор.

„Пред два дена со внукот ја поминав границата со Косово. Тој цело време е следен и е ставен на мерка од претходната власт. Зошто продолжува да се малтретира“, рече тој.

Директорот на Управата, Горан Николовски рече дека тајната полиција била во соработка со произведителот на системите за прислушување, а чистењето на старите податоци вели оди бавно бидејќи се работело за огромен материјал со прислушувани разговори.

„Јас сум во ситуација да разрешувам една дата база која што е полнета со години. 40 години е полнета таа дата база а јас сум во ситуација за една година се да расчистам“, вели  Горан Николовски – Директор на УБК

Николовски најави реформи во Управата за контраразузнавање, бидејќи како што рече, само во Македонија рауззнавачите имале полициски овластувања, што според него е рецепт за злоупотреба. Најави децентрализација на моќта и во однос на прислушувањето.

На јавната дебата збор зедоа уште многу гости, кои биле жртви на политички монтирани случаи и нерешени афери, кои со години се влечат по судови. А, за делењето судски предмети на рака, надлежните рекоа дека ќе има одговорност, откако ќе заврши истрагата.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.