Сириските владини сили се приклучуваат на курдските борци против турската армија

19.02.2018 | 20:28
Прочитано: 1589

Сириската војска ќе ги поддржи курдите во нивната борба против турската армија во регионот околу градот Африн, соопшти денеска висок претставник на сириската влада. Се очекува сириската армија да распореди поголем број на војници во северозападниот дел од државата кој веќе еден месец е под жестока офанзива на турската војска.

„Нашата армија ќе ги поддржи напорите на курдите во борбата против нападите кои турскиот режим ги врши врз нашата територија и населението кое живее таму“, објави државната новинска агенција сана повикувајќи се на извори од владата на Башар Ал Асад.

Претставници на сириските Курди пак велат дека очекуваат владините сили да бидат распоредени долж границата меѓу двете држави и дека договорот ќе биде од чисто воена природа.

Според владата во Анкара, целта на офанзивата која започна пред речиси еден месец е протерување на курдските милиции кои се стационирани во близина на турско – сириската граница. Силите за заштита на народот се едни од главните сојузници на САД во борбата против Исламска држава а турската офанзива предизвика тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за вреем ан минхенската конференција за безбедност одново побара да запре помошта и поддршката која ја добиваат курдите.

„Зошто САД ги поддржуваат курдите? Ние видовме како во Рака беше склучен договор помеѓу нив. Сега тие заедно со ИСИС заедно и се спротиставуваат на Турција. Ете со такви луѓе соработуваат нашите сојузници“, вели  Мевлут Чавушоглу -  министер за надворешни работи на Турција

Турција од 20 јануари започна воздушна и копнена офанзива во сириската област Африн, која е под контрола на курдски борци. Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија која се бори за автономија на Курдите на турска територија и која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.