Синдикатот за култура бара повисоки плати

13.09.2018 | 17:28
Прочитано: 1368

Културните работници предупредуваат дека се на работ на егзистенција и доколку не се им се зголемат платите, а Министертвото за култура во разумен рок не донесе колективен договор со кој ќе се реши хаосот во културата, ќе преземат порадикални мерки.
Состојбите со платите и правата на вработените во библиотечната, музејската и конзерваторската дејност се екстремно понижувачки, велат од Синдикатот на културата и посочуваат дека само за културата важат антикризни мерки, со кои се врши забрана за унапредување, добивање на теренски надоместок и дневници. Од таму велат дека работите во културата со години не се мрднати од мртва точка, а културните работници се понижени.

„Доколку третманот кон уметниците продолжи вака, ние сериозно ќе превземе поголеми чекори. Ние се занимаваме со јавна професија и многу лесно можеме да ги блокираме нашите институции.“ - изјави актерката Сања Арсовска, претседател на Синдикатот на културата на Македонија.

„Голем број од мојата институција не се членови на синдикатот, но во прашање ни е егзистенцијата на семејствата, сите се подготвени за масовен штрајк.“ - вели Адије Дестанковиќ, од Градска библотека „Браќа Миладиновци“.

Од Синдикатот велат дека се уште се толерантни затоа што очекуваат Законот за култура да биде донесен во ноември, за чие спроведување се одобрени средства од Министерството за финансии и се надеваат дека набрзо потоа ќе биде потпишан и колективниот договор. Од Министерството за култура велат дека ќе ги разгледаат барањата на културните работници, но и дека досега имале конструктивна сорботка.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.