Симона Угриновска - нов в.д. директор на МНТ

05.02.2018 | 13:40
Прочитано: 1460

По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска која, согласно со законот, е од вработените во театарот, продуцент во МНТ.

„Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите инститции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца“, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Драган Спасов поднесе оставка и Министерството му ја прифати откако на 30 јануари со возило повреди пешак.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.