Швајцарската компанија Џи Сол ќе ги откупи побарувањата на Комерцијална и Стопанска банка во Фени

14.03.2018 | 17:51
Прочитано: 1596

Швајцарската компанија џи сол, која под наем го стопанисува кавадаречки Фени, ќе ги откупи побарувањата на комерцијална и Стопанска банка, во висина од близу 40 милиони евра. Со тоа, Џи Сол е на пат да стане доминантен сопственик на комбинатот..

Двете банки кои се најголеми доверители во фени денеска информираа дека до нив стигнале повеќе понуди, од кои две биле сериозни - на Џи Сол и на бугарски Минстрој. Откако ги оцениле, решиле да ја прифатат онаа на швајцарскиот фонд кој веќе произведува никел во комбинатот.

Роковите, условите за исплата на побарувањата и посветеноста на Џи Сол кон фени биле одлучувачки фактор за банките. Целосната реализација на договорот за откуп се очекува да се случи до крајот на овој месец. Минатата недела, неколку други доверители ги блокираа влезовите на фабриката барајќи од стечајниот управник исплата на стечајните побарувања. Фени е веќе четврти месец во стечај.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.