Шумски пожар на Пелопонез

16.04.2018 | 12:19
Прочитано: 658

Шумски пожар беснее во областа Илија, на полуостровот Пелопонез во јужна Грција. Повеќе од 60 пожарникари од синоќа се борат со огнената стихија што ги загрозува населените места во областа.

Грчките медиуми јавија дека жителите на неколку села биле евакуирани. Гаснењето на огнот е попречено од силниот ветар. Градоначалникот на градот Евтимиос Коѕас изјави дека властите се во состојба на зголемена готовност и оти презеле превентивни мерки.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.