Штрајк во рудникот „Саса”, рударите бараат зголемување на платите

14.03.2018 | 17:47
Прочитано: 1546

Околу 300 рудари од Саса денеска излегоа на штрајк. Бараат подобри услови за работа и повисоки плати. Маршираа и го блокираа патот што води кон рудникот. Минувањето е забрането за службените возила и камиони на Саса. Тврдат дека дваестина дена чекале раководството на рудникот да ги прими на разговор. Бидејќи од таму ги игнорирале излегле на протест.

„Бараме до менаџеркскиот тим да се разреши работата. секој час што не работи рудникот, има проблеми.“ - вели Сашо Јованов - претседател на синдикална организација Саса.

„Уште веднаш да не примат на разговор и единствено барање ни е палата.“ - вели Ване Некевски - рудар.

Новите сопственици на рудникот Централ Азија металс со став дека блокадата е незаконска и ја загрозува работата на рудникот. Во соопштение информираа дека побарале надлежните институции да ја отстранат. Остануваат на ставот дека овој синдикат е нелегтимен и тие партнер гледаат во синдикатот член на СИЕР. Тврдат дека им се врзани рацете затоа што не се испочитувани и сите законски проедури како што е медијацијата во која треба да бидат вклучени двата синдикати.

„Законот за работни односи во Македонија им гарантира на сите луѓе право на работа. Не е дозволено запирање на луѓето да одат на работа“-  вели Неил Стивенсон - генерален директор.

И додека од раководството на Саса тврдат дека штрајкот е незаконски штрајкувачите остануваат на своите позиции. Блокада ќе има се додека не почнат преговори.



Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.