Што ќе значат кадровските смени во партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ?

13.01.2018 | 17:22
Прочитано: 2058

Измени и модернизација на статутот на партијата ќе бидат главните цели на новиот кадровски состав во ВМРО-ДПМНЕ велат дел од новоизбраните членови кои добија важни функции во најголемата опозициска партија. Костадин Богданов кој заедно со Тони Михајловски се дел од реформаторите на партијата вели дека следува период и на реизбор на пониските органи согласно новиот статут.

„Во наредниот период очекувам партијата да се фокусира на измена и довршување на иницијативата за модернизирање на демократизација на статутот, ажурирање на членството и резибор на пониските органи согласно новиот статут, согласно правилото на непосреден избор, избор на претседатели на општински комитети и формирање на нов централен комитет, застанување на нозе на партијата за краток временски периос.“ - изјави Костадин Богданов од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Влатко Ѓорчев пак кој и официјално е стана кординатор вели дека главната цел останува победа на следните избори, но и издејствување тие да бидат предвремени.

„Ова е екипирање и комплетирање на партијата кое ќе продолжи во наредниот период, значи спој на младоста и искуството, луѓе кои ги знаат работите. Истовремено ќе треба да парираме на оваа власт која на секпјдневна основа ги влошува позициите на Македонија на сите основи.“ - изјави Влатко Ѓорчев Координатор од ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од аналитичарите пак велат дека новите кадровските промени во ВМРО ДПМНЕ и не ветуваат сериозни реформи. Аналитичарот Јове Кекеновски вели во составот на партијата се уште има членови блиски  до поранешниот претседател Никола Груевски, но и лица кои допрва ќе треба да се докажуваат и да градат политичка кариера.

„На еден дел од нив имате анонимуси коишто дополнително ќе треба да се докажуваат и да градат кариера преку партијата во јавноста. Од друга страна имате луѓе коишто се препознатливи во јавноста како извршители на наредбите на Груевски и семејството и од трета страна имате личности коишто се контролирани по разни основи од страна на братучедите. Сето ова не ми влева за надеж дека вакви луѓе може да направат сериозни реформи во партијата.“ - вели Јове Кекеновски, аналитичар.

Меѓу позвучните имиња во Извршниот Комитет  се и Трајко Славевски, Коце Трајановски, Даниела Рангелова. Пратениците Илија Димовски и Антонио Милошовски пак останаа без функции во партијата. Тие важеа најголеми критикувачи на спроведениот конгрес на кој екс претседателот Груевски по гласањето на делегатите му ја отстапи функцијата прв човек на партијата на Христијан Мицкоски.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.