Што договориле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за употреба на албанскиот јазик?

28.02.2017 | 19:49
Прочитано: 22970
Никола Груевски деновиве излегува со жестоки напади дека се она што Зоран Заев го договори со Али Ахмети директно ја урива унитарноста на државата.
 
Но, потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, во интервју за Алсат телевизија рече дека договор за албанскиот јазик воопшто не бил проблем во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Истото што сега е договорено со Заев, било договорено и со Груевски. Проблемот со ВМРО-ДПМНЕ настанал околу реформите во судството и владеењето на правото.  
 
„Тоа што можам да го кажам е тоа што ние како претседателство сме ја имале можноста да ги видиме овие елементи од можен договор и не треба да се заборава тоа дека ДУИ на маса постави четири точки за кои не се преговара, прашањето за албанскиот јазик, прашањето за СЈО, НАТО и Европската Унија “ - изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ.
 
Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во емисијата 24 Анализа дури тврди дека драфт верзија за нов Закон за употреба на јазиците бил подготвен уште претходно меѓу старите владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дека таков веќе поминал на влада.  
 
„Пред да почне кампањата со изборите, имаме документ кој е поминат во владата преку секретарјатот за европски прашања каде што овој драфт поминал во владата “ - изјави Исмет Рамадани, политички аналитичар.  
 
Партиски извори велат дека практично и не постојат разлики во платформата за која се преговараше ниту кога се работело за ВМРО-ДПМНЕ ниту за СДСМ. Односно тој документ е сосема истиот, а единствено во преговорите со СДСМ биле направени само мали корекции во појаснување на формулациите. 
 
Во Нацрт законот кој го понудил ВМРО-ДПМНЕ се предвидува употреба на албанскиот јазик во судски рочишта, во кој доколку некој од странките е Албанец и материјалите да бидат двојазични. Употребата на албанскиот јазик била предвидено и во Владата и Собранието.
 
Пасошите и личните карти автоматски да се издаваат на албански без претходно да мораат за тоа да се посочува во барањето. Договорено било во местата каде алабнците се над 20 отсто ознаките на униформите на војската и полицијата да бидат двојазични, како и таблите на граничните премини во тие региони. Груевски во преговорите со Ахмети се согласил албанскиот јазик да го има на сите хартии од вредност. А за непочитување на овие решенија да постојат казни до 5 илјади евра. 
 

Светлана Унковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.