Шилегов: Нема да се забрани влез за возила од внатрешноста, само ќе им се обезбеди бесплатен паркинг
12.01.2018 | 14:48
Прочитано: 8029
Нема да има забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето, рече градоначалникот Петре Шилегов.
Целта на проектот е на жителите од внатрешноста да им се обезбедат бесплатни паркинг места, а не да им се забрани со автомобили да влезат во градот. Тој додаде дека на овој начин сака да ги поттикне и тие да го користат јавниот градски превоз во Скопје.
Post new comment