Шилегов: Ѓубрето го создаваат граѓаните

14.09.2018 | 18:44
Прочитано: 2273

Не можеме да зборуваме за европски вредности ако не сме способни ниту да си го исчистеме дворот, вака критикуваат дел од граѓаните коментирајќи го нивото на хигиена во нивните општини.

Лошо многу лошо, катастрофа. Сеопфатно треба да се реши требаат коренити промени“... „Нема доволен број на комуналци, меѓутоа не можат ни тие да исчистат толку колку народот што ќе извалка“

За почисто Скопје, во градот дополнително се организираат „герилски генералки“ - со граѓански акции и настани организирани од надлежнитe.. За првиот човек на Скопје пак, Петре Шилегов, нема пропусти во институционалната одговорност за овој проблем и вели сметот го создаваат граѓаните.

„Ѓубрето го создаваат луѓето. Тоа не никнува од земја. Затоа и веќе најавивме позасилен инспекциски надзор и еден правен квалитет којшто очекуваме наредната година да успеаме да го добиеме во смисла формирање комунална полиција.“ - изјави Шилегов.

За негување на еколошката свест пак, граѓаните велат потребни се и услови.

„Нема еве корпа нема никаде, детето кадеше сладолед и каде да фрливме, фрливме тука.“

Oсвен тоа, најголем проблем остануваат и дивите депонии. Шилегов повика на трпение и наскоро најави дека ќе излезе со нов концепт за третирање на комуналниот отпад.

Недостаток на граѓанска свест или тромавост на институциите? Секој ја брани својата страна кога се бара виновникот за загадуањето на градот. Сепак, едно е јасно, вистинските промени за достигнвање на оние европски вредности  - мора да почнат локално и тоа со решавање на најосновните проблеми.

 


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.