Шест нови истраги на СЈО-осомничени Османи,Ставревски,Јанушев,Луковски, Груевски...

10.10.2018 | 22:27
Прочитано: 9551

Актуелниот виџцепремиер за евроинтеграции и дел од предлагачите на уставните измени Бујар Османи е осомничен во истрага на СЈО. Под кодно име ПАЦИЕНТ, СЈО заедно со уште 14 лица кривично го гони Османи дека како екс министер за здравство од 2010, наместо да одбие, одобрил предлог на Комиисија за јавни набавки која пак спровела фаворизиран тендер за бугарска фирма која била избрана дфа реконструира неколку болници низ земјава. Слични понуди одобрувал и во уште неколку други случаи.

„Од доказите произлегува дека осомничените членови на комисијата, го фаворизирале понудувачот ГБС – Благоевград, и покрај тоа што знаеле дека овој понудувач не ги исполнувал условите од тендерската документација, односно не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а во предмер пресметките кои се составен дел на понудите, не направиле ниту точен збир на податоците, поради што не утврдиле дека понудата на Ингра Загреб е за 637.303,00 денари поевтина од онаа на ГБС Благоевград.“

Иако сето ова му било познато и на министерот за здравство, тој не го одбил предлогот туку донел решение и ја избрал понудата на ГБС Благоевград како најповолна, и покрај тоа што вредноста на понудата е поголема од проценетата вредност по јавната набавка и на правниот субјект му овозможил имотна корист во износ од 21.604.150,59 денари.

По три години од формирањето на СЈО, за прв пат обвинителите на Катица Јанева кривично го гонат екс министерот за финансии, Зоран Ставрески. Со име и презиме објавен на сајтот на обвинителството, Ставрески е осомничен за злоупотреба на службената положба, заедно со Миле Јанакиески и Крсте Миладинов, екс директор на Македонски енергетски ресурси АД Скопје, бидејќи со умисла овозможиле руската компанија Стројтрансгас да добие 33 милиони евра, на штета на државната каса. Како претставници од Македонија Јанакиески и Старевски во 2010 ја потпишале меѓувладината спогодба во 2010 со руската федерација. Преку оваа спогодба целта била рускиот долг од над 60 милиони американски долари да се затвори со изградба на магистрален договор, делница Клечовце – Блок станица 5. Но, според СЈО земјава со свои средства сио го платила гасоводот, учествувајќи со 20% во договорот, или всушност толку чинела реалната сума , со што долгод на Русија кон Македонија станал „подарок“ за Русија.

„Така, на затворена владина седница, со присуство на осомничените министри, Владата донела заклучок да се прифати понудата на руската компанија и да се потпише конечен договор. Потоа, Собранието на РМ, го прифатил владиниот предлог и во скратена постапка донело закон за изградба на гасоводот, при што од пратениците биле сокриени фактите од Физибилити студијата, според кои, реалната цена на чинење е далеку пониска, или, само 378.626,37 евра (за еден километар гасовод.“

Никола Груевски се појавува како осомничен во Хармонија заедно со поранешниот минситер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и Стевчо Јакимовски бидејќи овозможиле на лица од Турција да се стекнат со две атрактивни парц ели. Истрагата Пропаганда, во која пак е осомничен и актуелниот директор на МРТ, Марјан Цветковски. Во овој предмет има уште седум лица, чија цел била врз јавното мислење преку контролиран проток на информации кои за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на државниот буџерт.

Прв пат како осомничен се јавува и актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во истрагата „Дизајн“ поради финансиски зоуупотреби за набавка на двокатните автобуси во 2009 и 2010та. Во истрагата Базни станици, единствен осомничен е некогашниот прв човек на Т-Мобиле, Жарко Луковски.

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.