Шест лица убиени за време на неофицијалниот референдум во Венецуела
17.07.2017 | 11:59
Прочитано: 2025
Повеќе од 7,1 милиони луѓе излегоа да гласаат на неофицијалниот народен референдум, организиран од опозицијата во Венецуела а против политиката на претседателот Николас Мадуро и плановите за уставни измени.
Според досега преброените гласови, 98 проценти се изјасниле против предлогот на Мадуро за свикување на Конститутивно собрание, кое според неговите ривали има за цел „консолидација на диктатурата“.
Опозицијата тврди и дека за време на вчерашното гласање припадници на вооружените банди убиле шест лица во главниот град Каракас.
Post new comment