Шербеџија уапсен во Калифорнија, возел пијан со шише виски

30.06.2018 | 19:19
Прочитано: 4085

Актерот Раде Шербеџија бил уапсен во САД поради возење во пијана состојба, откако полицајците забележале дека неговиот автомобил не се движи како што треба. Според тамошната полиција во автомобилот на Шербеџија имало отворено шише виски.

Но актерот за српски Блиц изјавил дека немало никаков сообраќаен прекршок и дека бил застанат при рутинска контрола. Шербеџија додава дека имал испиено само три чаши вино, а алкотестот покажал алкохол во крвта малку над дозволената граница.

Шербеџија на самото место платил парична казна, по што бил ослободен.
 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.