Шеесет и шест загинати при пад на патнички авион во Иран

18.02.2018 | 17:25
Прочитано: 1517

Авион со 66 патници и членови на екипажот се урна во јужен Иран. Како што се наведува, авионот од типот АТР 72 летал од Техеран до Јасуџ. Спасувачките екипи се обидуваат да ги пронајдат остатоците од леталото кое се урна на околу 620 километри јужно од Техеран во висока планинска зона за време на невреме.

Портпарол на авио компанијата Асеман еирлајнс соопшти првично дека сите патници и членови на екипажот се загинати, за подоцна да даде повнимателна изјава дека се стравува дека сите се загинати, но дека спасувачките екипи се уште не пристигнале на местото на несреќата.

„Со оглед на посебни услови во таа зона, уште немаме никаков пристап до точното место на падот на авионот и не можеме со сигурност да ја потврдиме смртта на сите патници во авионот“.

Сепак, се смета дека надеж за преживеани има  малку. Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи веќе упати порака со сочувство до семејствата на патниците во авионот. Ирански агенции наведуваат дека авионот изгубил контакт со радарите 45 минути по полетувањето. Државната телевизија соопшти дека поради временските услови, спасувачките хеликоптери не можат да стигнат до местото на несреќата. Авионот удрил во планинскиот масив на височина од околу 4400 метри.

„Спасувачките екипи се испратени на можното место на несреќата, но хеликоптерот морал да се врати поради силно невреме“ - соопштија официјални претставници.

Во Иран во последниве години имаше неколку авионски несреќи, главно поради застарени летала. Техеран се обидуваше да добие резервни делови за да ги одржува со оглед на меѓународните санкции наметнати поради иранската нуклеарна програма. Ова е втора авионска несреќа на патнички авион годинава, откако пред седум дена се урна руски авион во близина на Москва во која загинаа 71 лице. Минатата 2017 година немаше патнички авионски несреќи и беше најбезбедна година во историјата на комерцијалните летови.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.