#SF тренди костими за капење за 2018 #сакајтеговашетотело

30.05.2018 | 14:13
Прочитано: 1580

Вашите #SF тренди костими за капење оваа сезона 2018 се веќе во продажба во сите продавници на Sara Fashion можете да ги изберете во силни неон бои со принт на кои ќе преовладува виолетовата, сината и зелената боја.

„Оваа година #SF костимите за капење се со слоганот #сакајтеговашетотело и со тоа на сите наши купувачи препорачуваме да изберат костим според обликот на нивното тело од таканаречените четри форми, познати како, круша, јаболко, часовник и правоаголник“ велат од Sara Fashion.

#SF дводелните костими за капење ќе може да ги комбинирате во различни бои, со принт на палми или со кактуси, како и со разни шари кои ќе ве направат да се чувствувате летно и разиграно.

Едноделните и еднобојните костими за капење се исто така тренд за оваа сезона, во црна, бледо розева и црно бела боја со модни додадтоци кои ќе ве направат поинакви од останатите. Еден од натписите кој го одвојуваме е познатиот No Man No Cry.

„Ние креиравме тренди #SF костими за капење за целото семејство, можат да изберат купувачите за него, за неа како и детски модели, во разни варијанти се со цел да ги комбинираат заедно. Сакаме да направиме едно поинакво #SF лето во кое ќе уживате во нашите удобни костими за капење“ додаваат од Sara Fashion.

За мажите се издвојуваат слип и шорцеви костими за капење во силни бои со разни натписи и дезени кои ќе остават силен впечаток ова лето и ќе им го дефинира телото. Од #SF аксесорис за плажа ги издвојуваме наметките и чантите кои ќе ви бидат одлична комбинација  со вашите костими за капење.

Кампањата е во продукција на Ани и Дими, видео на Дарко Митев, во која земаа учество српските модели Ана Цакич и Нина Ричи, македонскиот модел Влатко Кузмановски на две локации на Халкидки, Alia Palace резортот во Пефкохори и Possidi Beach во Посиди.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.