Северна Кореја и натаму подготвена за преговори со САД

25.05.2018 | 11:50
Прочитано: 1173

Пјонгјанг и натаму е подготвен да преговара со САД и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за откажување на неговата најавена средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави денеска првиот заменик-министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван.

Тој нагласи дека севернокорејскиот лидер правел крајни напори да се одржи неговата средба со Трамп, оценувајќи дека одлуката на американскиот претседател за откажување на самитот „не е во согласност со желбите на светот“. 

Во меѓу време, американскиот државен секретар Мајк Помпео и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва во телефонски разговор се договрија САД и Јужна Кореја да продолжат да работат на создавање соодветни услови за преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Трамп вчера ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер, што требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур, поради „огромниот гнев и отвореното непријателство на Ким Џонг-ун во неговата неодамнешна изјава“.

Сингапур изрази жалење поради откажувањето на средбата, додека Токио нагласи дека ја разбира одлуката на Трамп. Рускиот престедатал Владимир Путин изрази жалење поради откажувањто на средбата, нагласувајќи дека се уште се наедва оти таа сепак ќе се одржи. Францускиот претседател од своја страна повика на продолжување на дијалогот меѓу САД и Северна Кореја, додавајќи дека сака продолжување на процесот на неширење на оружјата за масовно уништување.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.