Серијата Big little lies е апсолутен победник на Златните глобуси 2018

08.01.2018 | 23:33
Прочитано: 2318

Вчера се одржа 75 доделување на „Златен глобус“, а филмските остварувања кои доминираа во номинациите, но и во наградите се “The Shape of Water“, “The Post“, “The Handmaid’s Tale“ и “Big Little Lies“.

Најдобра ТВ актерка беше Никол Кидман, најдобра споредна улога имаше Сем Роквел, најдобра актерка во ТВ серија (мјузикл/комедија) е Рејчел Брошнан, најдобра ТВ актерка (драма) Елизабет Мос, најдобар ТВ актер (драма) е Стерлинг К. Браун. За најдобра ТВ серија (драма) е прогласена The Handmaid’s Tale, најдобар спореден актер во серија или ТВ филм е Александер Скаргард, најдобра оригинална форма имаше Александре десплат за Форма на водата, за најдобра песна е прогласена „Тоа сум јас“ на The Greatest Showman, најдобар актер (мјузикл/комедија) е Џејмс Франко, најдобра споредна женска улога во серија или ТВ филм е на Лаура Дерн, најдобар анимиран филм е Коко. Најдобра споредна женска улога (драма)е на Алисон Џенеј, најдобар актер во мини серија или филм е Иан Мекгрегор, а најдобар филмски режисер е Гилиермо дел Торо. Апсолутен победник е серијата Малите големи лаги. Најдобра филмска актерка (мјузикл/филм) е Саорис Ронан, а најдобар филм (комедија/мјузикл) е Lady Bird. Најдобар актер (драма) е Гери Олдман, најдобра актерка (драма) е Франсис Мекдорманд и најдобар филм (драма) е Three Billboards Outside Ebbing, Missouri.

Ова издание на Златните глобуси ќе се смета за најгледано поради фактот што на едно место се најдоа двете поранешни сопруги на Бред Пит, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли. Анитон на сцената како презентерка, а Џоли во публиката.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.