Сергеј Баздникин: Решението да не се наметнува однадвор

18.09.2018 | 17:54
Прочитано: 1792

Референдумската одлука да биде одраз на волјата на граѓаните, а не наметната однадвор – порачува новиот амбасадор на Русија. Тој денеска ги предаде акредитивите на  шефот на државата Иванов.

Вели Македонија доживува клучен момент во својата историја и дека од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на Република Македонија.

„Од голема важност е тие да бидат донесени строго во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава. Да претставуваат недвосмислен одраз на волјата на граѓаните на Република Македонија, а не да бидат наметнати однадвор. Да го обединуваат, а не разединуваат општеството. Да почиваат на фундаменталните принципи на меѓународното право зацртани во Повелбата на  ООН, а не на политичката конјунктура“, порача амбасадорот Баздникин во својот говор.“ - изјави Сергеј Баздникин, руски амбасадор.

Претседателот Иванов изјави дека македоснко-руските односи треба да се интензивираат. Иако ЕУ И НАТО се национален интерес, истовремено во земјава се посветува големо влијание на односите со Москва.

„Национален интерес на Република Македонија се евроатлантските интеграции, но едновремено придаваме големо значење на севкупното продлабочување на односите со Руската Федерација, со посебен акцент на економската соработка. Оттука, очекуваме натамошно интензивирање на соработката, особено во делот на енергетиката, земјоделството, градежништвото и туризмот, како и инвестициските активности" - рече претседателот Иванов.

Премиерот Заев, као и вчера, и денеска повтори дека нема докази за руско влијание и мешање во референдумот. Откако најпрво тврдеше дека протестите против договорот се финансирани од руски бизнисмен.

Спротивно од Заев, пак американскиот министер за одбрана, кој вчера беше во земјава иако официјално не ја спомена Москва ниту руското влијание од обраќањето во Владата, на новинарите кои патувале со него им изјавил дека нема сомнеж дека Русија финансира групи кои работат само за референдумот да не успее.

Според новинарските написи, Матис отворено рекол дека доаѓа во Македонија поради загриженост дека Русија се обидува да го попречи патот на земјата кон ЕУ и НАТО.
Денешната изјава на новиот руски амбасадор е прва реакција од официјлна Москва, по обвинувањата за руско мешање во референдумот од страна на Вашингтон.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.