Сеопфатна стратегија без сеопфатно сексуално образование

12.02.2018 | 17:53
Прочитано: 1268

Откако Владата  ја усвои стратегијата за Сеопфатно образование која е за период од 2018та година до 2025-та година граѓанскиот сектор остро реагира со образложение дека МОН ги игнорирало во процесот на финализирање на стратегијата. Од Коалицијата Маргини велат дека и покрај потпишаниот меморандум за соработка со ресорното министерство, министерката не ги прифатила предлозите за ревизија на наставните планови и учебници, како и за воведување на сексуалното образование во училиштата.

Од таму велат дека така структуирана Стратегија која при тоа не е достапна не може да се смета за сеопфатна особено затоа што целосно е изоставен концептот на сеопфатно сексуално образование.

„Министерката се обврза дека ќе не вклучи и ќе работи со нас на овие теми, но досега не гледаме решенија. не сме повикани во работните групи за ревизија на наставни плчанови, иако за неколку одделенија се објавени за коментирање.“ - вели Драгана Дрндаревска  - Коалиција „Маргини“.

Сеопфатното сексуално образование (ССО) е важно заради тоа што најчеста причина за лошата здравствена состојба кај младите е неинформираноста, а училиштето е вистинското место каде младите треба да научат како да се грижат за здравјето. Но сепак во Стратегијата отсуствуваат овие аспекти. Отсуствува сеопфатното сексуално образование велат од ХЕРА.

„Во стратегијата отсуствуваат овие аспекти за сексуалното и репродуктивно здравје на младите што е голема штета. Од една страна потпишаа меморандум за соработка со нас, но во самата стратегија во долгодоишниот планкојшто го има министерството, не ги зема в предвид овие аспекти.“ - вели Јована Ананиевска – програмски координатор „ ХЕРА“.

И двете организации се едногласни велат Македонија и во 21 век стагнира со сеопфатно сексуално образовани за кое велат дека е од особено значење за поздрава и поцврста младина но и за самата држава која се стреми кон членство во Европската унија.  Бараат одговор од министерката Рената Дескоска зошто не се прифатени нивните сугестии, и како е подготвен и донесен стратешкиот план за 2018 – 2020 година.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.