Семејствата на загинатите планинари со писмо до планинарскиот сојуз на Македонија

13.02.2018 | 20:24
Прочитано: 3600

Навистина е згрозувачки повикот за молк на квази планинарското друштво „Трансверзалец„ од чие дилетанство, кое се граничи со умисла, загинаа нашите две деца Калина и Алаксандар.

Цели три дена од нив не чувме јавно извинување или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи. Наместо тоа, друштвото што ја организирало оваа тура под водство на некаков си самопрогласен водич Зоки Москито (за кого се сомневаме дали воопшто има лиценца за организирање на тури во зимски услови, но за кого сме сигурни дека нема физички и интелектуални капацитети да води луѓе ни до средно водно), безобразно повикува на молк и на гушење на слободата на изразување. Се разбира, за да ги прикријат големите грешки во целиот овој настан. Планинарскиот Сојуз на Македонија треба итно да го преиспита случајот за да се утврди евентулната одговорност и да испита од која причина има неколку противречни верзии за самиот настан. 

 

Имено, од која причина турата тргнала кога од грчката страна дале предупредување да не се качуваат, бидејќи условите биле екстремно лоши, колку пари се земаат од секој учесник во турата и зошто не се одложила турата за наредната недела, за кога имало прогноза дека ќе биде сончево? Кој ја пуштил веста дека во црквичката биле заробени млада жена и нејзината ќерка и дека треба да се спасуваат? Од која причина, кога се дознало дека двајцата млади планинари ги нема, во 14,30 часот, кога се известени грчките власти, ниту тогаш, ниту во текот на целиот ден, ниту следниот ден, никој од организацијата на турата не ги известил родителите, ниту блиските на двајцата млади луѓе, за несреќата и кои можеле да превземат мерки за спасување?, Дали воопшто некој од ова катастрофално друштво имал лиценца за водење на тури во зимски и екстремни услови? Од која причина, досега нема никакво известување од друштвото, а од членовите на друштвото имаме информација дека им било забрането да зборуваат било што? Кој од членовите на турата до доцна во ноќта славеле во кафеана во лутраки? Што правеле другите членови на групата, од кои се некои искусни планинари, а особено најблискиот и најверниот другар на Калина и Ачек- дени Ќировски???? Колку пари од оваа тура земал лицето москито ? Дали воопшто некој од државните власти ќе се заинтересира на кој начин овие друштва функционираат, дали ги следат прописите за безбедност на планинарите, дали овие тури некаде се пријавуваат и регистрираат, дали постои некоја евиденција, дали овие друштва имаат обврска на некого да пријават вакви тури и каков е нивниот исход, прашуваат семејствата на загинатите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.