Седумнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

10.08.2018 | 18:16
Прочитано: 1075

Седумнаесет години од масакрот во Љубанци. На денешен ден во 2001 година во 8 часот наутро воено товарно возило со осум припадници на безбедносните сили на АРМ нагази две противтенковски мини  кај месноста Љуботенски бачила на неколку километри со селото. Од експлозијата загинаа осум припадници на резервниот состав на армијата, а исто толку војници биле повредени.

Истата година во екот на конфликтите е формирано здружение за правата на семејствата на загинатите бранители.

Од тогаш, во координација со Министерствата за внатрешни работи и одбрана им се излегува во пресрет на најблиските на загинатите во однос на вработувања и станбени прашања, но треба уште да се работи за обесштетување на дел од семејствата кои не треба да бидат заборавени од институциите – вели претседателот на здружението.

„До ден денес работиме на остварување на правата, но не се остварени во целост. 97 посто се остварени и континуирано работиме на тоа. Нивните барања од здружението ги доставуваме до надлежните институции. Независно кој е на власт имаме добра соработка со сите. Најмногу со МВР и Министерството за одбрана, бидејќи тие се матични институции. Приоритет ни се останатите 3 посто, а тоа се вработување, обесштетување на оние од семејствата кои ни денар немаат земено од тогаш и станбени прашања“, вели Владо Стојановски – претседател на Здружение на загинати бранители 2001

Во чест на младите борци кои го загубија животот во крвавата заседа, во Љубанци и во касарна Илинден пред спомен плочата положија цвеќе претставници од Кабинетот на претседателот, од Владата, Армијата на РМ, Министерството за одбрана, ВМРО ДПМНЕ и семејствата на загинатите.

Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томе Бадаровски, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски се осумте млади бранители - припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Трагичниот настан од Љуботенски бачила се уште не е целосно расветлен.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.