Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието

17.06.2018 | 22:42
Прочитано: 7643

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија.

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.

Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот. Протестот беше организиран преку социјални мрежи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.