Седум повредени полицајци на Ургентен и тројца демонстранти, приведени десетина

17.06.2018 | 23:51
Прочитано: 3518

Неколку повредени и голем број приведени по вечерашните немири пред Собранието. Приведен е и новинар - репортер. неговите колеги сео биделе да и објаснат на полицијата дека доаѓа од медиум, но сепак бил приведен.

Полициските акции сеуште во тек. Претходно полицијата се судир со демонстраните кои се обидоа да ја пробијат заштитната ограда при што беа употребени шок бомби и солзавец. Нападнат бил и снимателот на 1Тв кој бил нападнат од неколку демонстранти.

Од Министерството за внатрешни работи ја информираа јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнал заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.

Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец, соопштува МВР.

„Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.“ - стои во соопштението.

Протестите беа против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.