Се укинува забраната за продажба на алкохол во вечерните часови

23.02.2018 | 18:55
Прочитано: 8155

Целосно ќе се укине забраната за продажба на алкохол во вечерните часови. Со новото законско решение што го предлага Владата,  алкохолот ќе може да се купува во секое време, но нема да се продава на бензиските пумпи, како што првично се шпекулираше.

Дали ќе го има и на киосците, зависи од интересот на трговците кои може да интервенираат во предложениот текст. Од Министерството за економија велат дека законот е објавен на енер и наскоро ќе се најде во собраниска процедура.  За трговците остануваат задолжителните лиценци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.