Се судрија македонски автобус и камион во Австрија, 9 патници повредени

11.10.2018 | 13:17
Прочитано: 10373

Најмалку девет патници се повредени во сообраќајката која се случила утрово во 6 часот откако се судриле македонски автобус и товарен камион во близина на Линц, Австрија. Австриските медиуми информираат дека сите повредените се згрижени во болница, а бил затворен и автопатот кон Линц.

Камионот кој бил натоварен со дрва по сударот се превртела кабината,а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.

Во македонскиот автобус се превезувале 18 патници, а 10 од нив, меѓу кои 4 деца останале неповредени. Сеуште не е познато која е агенцијата преку која што патувале, ниту името на превозникот на автобусот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.