Се подготвуваат стапките за прогресивно оданочување

21.06.2018 | 18:03
Прочитано: 6235

Со 10 проценти персонален данок ќе се оданочуваат месечните приходи од 1.000 евра,  додека се што е над оваа сума ќе се оданочува со 18 отсто. Во приходите кои се оданочуваат влегуваат заработените месечни плати на работа, доход од самостојна дејност, како и од авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи. Дел од работната верзија на Законот за персонален данок со кој од идната година треба  да се воведе прогресивно оданочување, веќе е објавен на фејсбук страната на Фискална транспарентност. 

Министерството за финансии не ги коментираа овие информации, но потврдува дека работи на темелна анализа за фер даночна политика во Македонија.

„Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата базирана на точни податоци и факти“, велат од  Министерството за финансии

Од друга страна работната верзија на законот чии делови веќе се појавија во јавноста, предвидува со 15 отсто да се оданочуваат доходите стекнати од интелектуална сопственост, закуп и под закуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување.

Со законот кој е во подготовка граѓаните и фирмите ќе треба да плаќаат данок и на каматите од своите заштеди во банките, ако добивката е над 15.000 денари годишно.
Воведувањето на праведното оданочување беше дел од предизборната програма на сега владејачката СДСМ. Македонија во моментов има рамен данок односно се плаќа десет отсто на сите приходи кои се остваруваат во текот на годината.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.