Се намалува бројот на извршители

24.04.2015 | 16:26
Прочитано: 2513
Бројот на извршитили најверојатно ќе се намали, најавуваат од Комора на извршители.
 
Причината е намалувањето на наплатата и на бројот на предмети кај извршителите, што според Комората се должи на превентивната функција на извршувањето и подигањето на свеста кај граѓаните и кај фирмите за навремено плаќање на долговите.
 
Од друга страна, податоците на Народната банка покажуваат пораст на блокираните сметки.
 
Во март, бројот на блокирани сметки на граѓаните изнесува 179.839 сметки или за речиси 34 илјади повеќе од претходниот месец, односно секоја 20 сметка на граѓаните е блокирана.
 
Пораст е регистриран и кај граѓаните со блокирани сметки за 17.672 новоблокирани сметки.
 
Засега нема информација на што се должи порастот на блокираните сметки на граѓаните.
 
На почетокот на овој месец левичарското движење „Солидарност“, излезе со информација дека сметките на голем број пензионери во земјава биле блокирани заради неплатена радиодифузна такса.
 
И од Управата за јавни приходи потврдија дека им се блокирани сметки на обврзници со заостанати долгови над 570 денари, но потврдија дали се тоа пензионери или други категории. Најчесто, блокирањето на сметките е поради неплатени комунални долгови, радиодифузна такса и рати за кредити.

Соња Јанковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.