Се крои буџетот за 2018 година

19.10.2017 | 17:26
Прочитано: 2031

Граѓанскиот буџет е само празно ветувања на новата влада, реагираат дел од невладините организации. Ваквиот став велат го правадат со фактот дека досега не се консултирани за креирањето на новиот буџет.

„Јас немам добиено никаква покана ниту информација дека буџетот се подготвува, во која фаза е и како течат подготовките и дали буџетскиот календар е тесен. Сакам да видам дека со овој буџет планот на политичката парија која добила на избори е поврзан со буџетско стратешките корисници и да биде рефлектирано во финанскиот дел на буџетот.“ - изјави Марјан Николов, претседател на Центар за економски анализи.

Граѓанските организации очекуваат дека сепак нивните мислења ќе бидат слушнати, бидејќи имаат издржани анализи особено за стратегијата за управување со јавните финансии.

„Битно е граѓанскиот сектор да биде вклучен не само во давање на коментари за доградбата,туку и мониторинг на имплементацијата на програмата. секторот има капациете тоа да го направи и очекуваме министерството да го вклучи.“ - изјави Александар Николов, извршен директор Асоцијација Зенит.

Инаку, невладиниот сектор, дебатираше за нацрт- стратегијата за управување со јавни финансии. Предлозите што ќе произлезат од консултациите ќе ги достават до министерството. Иако поканети, на дебатата немаше претставници од Министерството за финансии, но оттаму велат дека поканата ја добиле доцна, а од дебата не бегаат. Граѓаните и организациите ќе улествуваат и во креирањето на Буџетот, но малку подоцна откако ќе се направи неговата рамка, појаснуваат од Министерството за финансии.

Што се однесува до Буџетот истиот ќе им се даде на увид на граѓаните и организациите и ќе бидат консултирани за конкретни мерки кои се во нивниот домен на дејствување. Граѓанскиот сектор ќе биде дел од платформата Граѓански Буџет 2018 со цел истиот да им служи на корисниците на најдобар можен начин“.

Подготовките на буџетот за следната година се веќе во тек, но и во завршна фаза е нацрт страрегијата управувањето со јавни финансии.

 


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.