Се истражува мотивот за бруталниот напад во Торонто

24.04.2018 | 17:38
Прочитано: 1045

Канадската полиција се уште не може да ги открие причините кои доведоа до нападот во  Торонто а во кој загинаа 10 лица а 15 се повредени. Напаѓачот, 25 годишниот Алек Минасијан, денеска треба да се појави пред судот а како што соопштија полицијата тој претходно не им бил познат на властите и не бил поврзан со ниту една позната терористичка група.

„Сите соработуваме и се обидуваме да составиме една слика за полесно да утврдиме што точно се случило. Во овој момент ништо не укажува на тоа дека е загрозена националната безбедност.“ - изјави Марк Сандерс , началник на полицијата во Торонто.

Од полицијата велат и дека 25 годишниот студент не бил жител на Торонто и дека досега не бил осудуван. Компанијата за изнајмување на камиони Рајдер потврди дека возилото кое беше дел од инциентот е во нивна сопственост и најави соработка со властите.

Жителите на Торонто се уште се шокирани од синоќешните настани. Велат дека целиот напад изгледал како да е изведен намерно за да предизвика што е можно повеќе жртви. Комбето удирало се што му се нашло на патот – луѓе, хидранти, поштенски сандачиња.

„Се качи на тротоарот и почна да гази се пред него. Никого не поштеди. Го удруи секого кој го виде на тротоарот. Видов бело комбе како се качува на тротоарот. Луѓето почнаа да му викаат да го запре возилото но тој само продолжи да вози.“ - велат сведоците.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека овој напад предизвикал голема тага кај сите жители на државата, а градоначалникот на Торонто ги повика жителите да покажат единство во овие тешки моменти.

„Се надевам дека како град ќе се потсетиме на тоа дека шитум светот не ценат по нашата отвореност и инклузивност. Обединети сме и полни со солидарност особено со семејствата на загинатите во оваа голема трагедија.“ - изјави Џон Тори, градоначалник на Торонто.

Канадската телевизија објави снимка на која се гледа апсењето на Минасијан, откако тој претходно вперува нединетификуван објект кон полицијата и бара од нив да го убијат. Инцидентот се случил за време на состанокот на шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени земји во светот кој се оддржува во најголемиот канадски град. Сепак, Канадските власти велат дека според првичната истрага не била пронајдена никаква врска меѓу овие два настана.


Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.