СДСМ: Поканата за влез во НАТО е историски успех

12.07.2018 | 09:20
Прочитано: 1143

„Остварен е уште еден историски успех на Македонија и нејзините граѓани. Република Македонија доби покана за влез во НАТО. СДСМ им честита на сите граѓани. Заедно успевме. Вратите на Алијансата се отворени, обезбедено е местото на Македонија во НАТО“ - се вели во соопштението испратено до јавноста од владејачката СДСМ.

Од партијата потенцираат дека влезот во НАТО е остварување на врвните стратешки цели на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување.

„Членството во НАТО не значи само обезбедена сигурност и стабилност, тоа значи и повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство. После години изолација, неизвесност и стагнација, денес вратите за членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ се отворени, македонскиот идентитет и иднина се обезедени. Македонија станува дел од семејството на кое му припаѓа“ - велат од СДСМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.