СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот

10.08.2018 | 10:09
Прочитано: 1915

„Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум. Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став“ - обвинуваат од СДСМ.

Од партијата се со став дека „Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство е штетно за државата и за сите нејзини граѓани“.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат за референдумот и јасно да сопштат за што се. Дали се за светла иднина или за темно минато? Дали се членство во НАТО и ЕУ или амнестијата на криминалот им е поважна од се? Ако се за иднина, ако се членство на Македонија во ЕУ и НАТО ракводстворо на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да ги повика своите членови да гласаат на референдумот“ - велат од СДСМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.