СБ: Македонската економија годинава со раст од 3,2 отсто

10.01.2018 | 12:09
Прочитано: 624

Растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи.

Според СБ, во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.

Со проекцијата за следната година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9 проценти и од 4 проценти во 2020 година.

Од земјите во регионот, според Светска банка Албанија годинава ќе има раст од 3,6 проценти, БИХ 3,2 процента, Бугарија 3,3 проценти, Хрватска 2,6 проценти, Црна Гора 2,8 проценти, Србија 3 проценти, а Косово 4,8 проценти.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.