Сан Антонио извиси од ТОП 8, нов трипл-дабл за Вестбрук

13.03.2018 | 14:59
Прочитано: 866

Хјустон убедливо го доби тексашкото дерби против Сан Антонио со 109:93, а со тоа дополнително ја продлабочи кризата на Спарс, кои за прв пат по 1998-та година стравуваат за место во плеј-офот.

Џејмс Харден ги предводеше „Ракетите“ со 28 поени, од кои 16 само во третиот квартал, пресудни за 53-тата победа и сигурен престој на врвот на Западот.

Сан Антонио, пак падна на 10-тото место по овој 11-ти пораз на последните 14 средби, но идентичениот скор од 37 победи и 30 порази, колку што имаат Денвер и Јута му даваат надеж за борба до крајот и враќање меѓу ТОП 8, кои водат во плеј-офот.

На останатите натпревари, десетта победа по ред запиша Портланд триумфирајќи над Мајами со 115-99. Најзаслужни беа Лилард со 32 и Нуркиќ со 27 поени.

Расел Вестбрук со 17 поени, 11 асистенции и 10 скока  го прослави 20. трипл-дабл сезонва, водејќи ја Оклахома до победа над Сакраменто со 106-101.

А, 18-ти пораз во низа, најдолг негативен во кариерата доживеа Мемфис на свој терен од Милвоки со 103:121.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.