САД остана без буџет - Владата делумно парализирана

20.01.2018 | 18:15
Прочитано: 2144

Финансиска блокада на Американската влада. Преговорите за донесување  буџет и обидот да се спречи т.н Шатдаун, односно делумно затворање на американските федерални служби, пропадна.

Разликите околу миграционата политика на Доналд Трамп и Демократите во Сенатот се непрепостливи. Додека демократите бараат гаранции и заштита  од депортирање на 700.000 мигранти кои влегле во земјата преку програмата на претходникот на Трамп, Барак Обама, актуелниот американски претседател децидно одбива и бара пари за изградба на ѕидот со Мексико.

Лидерот на Демократите, Чак Шумер, по неуспешните преговори,   го посочи прстот кон  претседателот Доналд Трамп и го обвини за политички игри.

„По нашиот состанок, мислев дека сме блиску до компромис и верував дека ќе го постигнеме...Меѓутоа, откако се разделивме, Трамп се повлече и го отфрли договорот...Што се случи?! Господине Трамп, ако сакавте блокада на институциите ќе добиете, а целата вина за последиците ќе падне на ваши рамена“, изјави  Чак Шумер - Лидер на Демократите

Трамп пак, ги обвини демократите, дека со блокадата на буџетот,  ги држат американците во заложништво.

„Демократите се повеќе загрижени за илегалните мигранти, откако за нашата војска или безбедноста на нашите опасни јужни граници“,- напиша Трамп на Твиер.

Реакции имаше и од Белата куќа, од каде порачаа дека миграционата политика, нема  да биде  предмет на преговори.

„Нема да преговараме за статусот на нелегалните мигранти додека демократите, со своите неодговорни барања, ги држат граѓаните кои го почитуваат законот како заложници“, изјави Сара Сандерс - Портпаролката на претседателот Доналд Трамп

Делумното затворање на  американските федерални служби стапи во сила синоќа на полноќ и не е можно да се предвиди колку ќе трае. До тогаш, стотици илјади федерални работници се испратени на принуден одмор и нема да земаат плата.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.