САД и Велика Британија: Труењето на Скрипал е дело на Русија, официјална Москва ги отфрла обвиненијата

13.03.2018 | 12:55
Прочитано: 969

Труењето на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал во Велика Британија, е дело на Русија, смета американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон. Тој изјави дека вакво криминално дело јасно доаѓа директно од Русија.

„Ние се согласуваме дека одговорните - и оние што го извршиле криминалот и оние што го наредиле - мора да се соочат со сериозни последици. Ние сме солидарни со нашите сојузници во Обединетото Кралство и ќе продолжиме тесно да ги координираме нашите одговори“, вели Рекс Тилерсон-државен секретар на САД.

Тилерсон, како што самиот рече, не знае дали руската Влада знаела за труењето, но дека хемиската супстанција не може да потекнува од ниту едно друго место, нагласувајќи дека таа е позната во САД, но не е широко распространета.

Изјавата на Тилерсон доаѓа само по еден ден, откако британската премиерка Тереза Меј, во Парламенмтот во Лондон синоќа изјави дека резултатите од анализите, покажале дека нервниот гас со на кој биле изложени Сергеј Скрипал и неговата ќерка, потекнува од Русија

„Со оглед на фактот дека супстанцијата е идентификувана од страна на светски признати експерти кои работат во лабораторијата за одбрана, наука и технологија, нашето сознание дека Русија порано го произведуваше овој нервен гас и се уште е способна да го прави тоа, заклучокот на британската Влада е дека  голема е веројатноста Русија да е одговорна за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија“, рече Тереза Меј-премиерка на Велика Британија.

Инаку, станува збор за нервно-парализирачки гас со име „новичок“. Во врска со тоа, рускиот амбасадор во Британија е повикан на разговор.

Меј му посочи на Путин дека има време до вторник да даде официјално објаснување за таргетирањето на поранешни агенти на Русија со нервни гасови при што дел од нив починаа, а некои како Скрипал и неговата ќерка се во тешка состојба со трајни последици.

По ваквите обвиненија, официјална Москва оценува дека изјавата на Меј е политички мотивирана и дека станува збор за циркуско шоу во британскиот Парламент.

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека тоа е повторно информативно-политичка кампања базирана на провокација. Инаку, Скрипал, поранешен полковник на руското разузнавање поради тоа што бил врбуван да работи за МИ6, во 2010 година е осуден за предавство. Сега,тој и неговата 33-годишна ќерка Јулија од минатата недела се во болница во критична состојба, откако се пронајдени без свест на клупа во градот Салсбери на југот од Англија.


Анита Буховски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.