Руско МНР: Присилно влегување на Македонија во НАТО

12.07.2018 | 20:08
Прочитано: 2059

Руското министерство за надворешни работи денеска уште еднаш повтори дека се противи на членството на Македонија во НАТО и проширувањето на Алијансата.

„Присилното влегување на Македонија во нато само потврдува дека политиката на "отворени врати" сама по себе стана цел и алатка за контрола на геополитичката територија", се наведува во соопштението на руското МНР.

Според министерството, плановите на нато за зајакнување на воената активност ги продлабочува поделбите и ги интензивира тензиите во Европа. НАТО, како што е наведено, се претставува како дефанзивен сојуз, но го интензивира купувањето на офанзивно оружје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.