Руска амбасада: Заев е погрешно информиран за протерувањето на дипломатот

16.04.2018 | 17:06
Прочитано: 1876

Намерно или ненамерно  премиерот Зоран Заев е погрешно информиран, за причините за протерувањето на рускиот дипломат од Македонија - реагираше Руската амбасада на Твитер. Реакцијата следи по изјавата на Заев во интервју за тв 24, каде што премиерот вели дека дипломатот бил избркан затоа што се однесувал недолично во Македонија. Од амбасадата велат дека тие немаат  такви сознанија, а ни докази.

„Никогаш не сме добиле никакви предупредувања ниту „докази" за кои зборува Премиерот. И понатаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“ - Руска Амбасада

Премиерот пак беше дециден дека рускиот дипломат излегол од својот мандат и бил предупреден за тоа, повеќе пати.

„Апсолутно, беше предупредени неколку пати. Сите меѓународни конвенции и сите домашни закони се прекршени, веројатно која и да е земја тоа ќе го направи.  Ние одлучиве тоа да го направиме солидарно со другите земји кои се членки на НАТО и ЕУ, но постојат сериозни докази кои веројатно се презентирани пред амбасадата кога е дадена нотата. Значи, постојат меѓународни конвенции  каде што постојат и луѓе акредитирани  за работи кои што се од областа на безбедноста и сл, а овде се е надвор од сите дозволиви правила“, вели Зоран Заев - претседател на Владата.

По протерувањето на дипломатот, рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак, се закани дека Македонија  ќе ги сноси последиците од протерувањето на рускиот дипломат, а реципрочно  на тоа протера и македонски дипломат.  Македонското министерство за надворешни работи солидаризирајќи се со Велика Британија по труењето на двојниот руски  шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Солсбери, се придружи кон земјите што протераа руски дипломати, но оттаму истакнаа и дека дипломатот на  Русија во земјава ја прекршил Виенската конвенција и излегол надвор од своите обврски. 


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.