Руска амбасада: Изјавата на Заев е политички неодговорна

16.07.2018 | 18:48
Прочитано: 1955

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени потпалувале „комити“ да протестираат во Македонија од Руската амбасада во Скопје ја сметаат за политички неодговорна.

- Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика,  се вели во реакцијата на Руската амбасада во Македонија, објавен ана официјалниот твитер -профил на Амбасадата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.