Русите гласаа за претседател, Путин фаворит

18.03.2018 | 20:03
Прочитано: 1473

На претседателските избори во Русија, според податоците на Централната изборна комисија до 19 часот по московско време гласале нешто над 59 насто избирачи. Почна и пребројувањето на гласовите.

Според излезните анкети, направени според изјаснувањето на граѓаните на самите избирачки места, најголем број гласови освоил актуелниот претседател Владимир Путин. Од гласачките места пристигнуваат извештаи за бројни кршења на избирачкиот процес, но комесарката за човекови права на Русија Татјана Москаљкова изјави дека поголеми нарушувања на изборите немало. Противниците на Путин наведуваат дека гласачите биле присилени да се појават на избирачките места за да се спречи ниската излезност која би ја спречила победата на актуелниот претседател. Путин откако гласаше,изјави дека го смета за успех секој глас што му го даваат граѓаните.

Успех е секој процент кој ќе ми овозможи да ја извршувам претседателстката функција. Убеден сум дека програмата која ја понудив за развој на државата е исправна.“ - изјави Путин.

На еден од неговите главни кандидати, опозиционерот Алексеј Навални, му беше забрането да учествува на изборите поради судски процес кој заврши со обвинителна пресуда. Навални пак смета дека целиот процес бил режиран од страна на владата и повика на бојкот на изборите. Противкандидати на Путин беа бизнисменот и милионер, комунистот Павел Грундин , лидерот на Партијата на прогресот, Борис Титов, шефот на партијата Руски општонароден сојуз Сергеј Бабурин, ТВ водителката и политички активист Ксенија Собчак а особено жесток беше лидерот на Либералната демократска партија на Русија, Владимир Жириновски.

Денешниот ден е еден од најважните во нашата историја бидејќи изборите се оддржуваат во тензична, речиси предвоена атмосфера. Закани кон нашата земја доаѓаат од Лондон, Вашингтон и Берлин. Нема да му дозволиме на никого да започне нова војна и само Москва може да ги сопре ваквите желби.“ - изјави Жириновски.

На изборите прв пат право на глас имаа и граѓаните на Крим, територија која Русија ја анектираше од Украина во 2014 година. Францускиот актер Жерар Депардје кој е руски државјанин од 2013 година откако лично од Путин доби државјанство гласаше во Париз во руската амбасада. И космонаутот Антон Шкапљеров од меѓународната вселенска станица гласаше отако стапи во контакт со Централната изборна комисија на Русија.

Пред затворањето на гласачките места, првиот заменик министер за внатрешни работи Александар Горовој изјави дека државниот автоматизиран изборен систем бил нападнат од хакери, но откако Федералниот сервис за надгледување на телекомуникациите и информатичките технологии и Централната изборна комисија интервенирале, бил спречен пад на системот.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.