Рохани: САД не успеаја да го уништат иранскиот нуклеарен договор

14.01.2018 | 11:05
Прочитано: 1350

САД не успеаја да го уништат нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили, што претставува „долгорочна победа за Иран“, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

- Американските власти не успеаја да го уништат нуклеарниот договор. (Американскиот претседател Доналд) Трамп, и покрај големите напори, не успеа да ги уништи договорот, нагласи Рохни во обраќање преку иранската државна телевизија. 

Изјавата на Рохани уследи отако Транп во петокот се закани дека САД ќе се повлечат од договорот за иранската нуклеарна програма, склучен во 2015 година меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, доколку европските земји „не ги отстранат катастрофалните пропусти“ во спогодбата.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.