Родителите и образовниот процес да се разбудат поради малолетничкото насилство

15.04.2018 | 17:11
Прочитано: 2355

Бруталното претепување на 14 годишното девојче во дворот на основното училиште Гоце Делчев во Неготино и натаму ја бранува јавноста. Професори, социјални работници, психолози, педагози и експерти сите на ист став дека насилството во училиштата е проблем низ годините кој се одоговлекувал, а кој со последниот случај каде се покажува бруталноста на децата, во случајов девојчиња, кои буквално претепуваат соученичка, пред други ученици го вклучува апармот за сериозен пристап при решавање на овој проблем.

Од Здружението на социјални работници велат дека Министерството за образование  и наука со години потфрлило при решавање на оваа проблематика особено со исклучувањето на социјалните работници како кадар во образованието. Од таму појаснуваат дека овој е само еден од низата случаи во училиштата низ Македонија каде група на деца напаѓаат – а жртвата велат може да подлежи на фатални последици како резултат на насилството.

„Тоа доведува со психички и ментални последици, изолираност кај детето. Ние како социјални работници гледаме на проблемот каде треба да се врпи психолошка поддршка на тоа дете, во насока да се врати во средината и да се тргнат тие обвинување и осудувања за да не се лувствува само и да има сигурност во школото.“ - вели Гоце Прцуловски - претседателот на ЗСРМ.

Покрај родителите кои ја имаат клучната улога при воспитувањето на децата многу  битен фактор  се и наставниците како и стручните служби во училиштата кои треба навремено да ги препознаат знаците на агресија кај децата вели универзитетската професорка Орхидеја Шурбановска. 

„Најверојатно треба да се препознае таквото однесување од страна на психологотили службата и наставници. Апелирам дека повеќе треба да се вклучат психолозите и педагозите во охрабрување на учениците посебно на оние кои се жртви, зошто тие и претходно биле малтретирани, а ова е кулминација на сето она што се случувало претходно меѓу нив.“ - вели Проф. д-р Орхидеја Шурбановска -  Институтот за психологија од Филозофскиот факултет од Скопје

Случајот со бруталното насилство го осудија и од Младинскиот Образовен Форум. Од таму велат дека е потребно да се  обезбеди советување за жртвите на насилство и насилниците во училиштата од страна на психолошко-педагошките служби. Од МОФ потенцираат дека посебно е важно да се донесе нова Стратегија за намалување на насилство во училиштата, преку стручен и инлклузивен процес со вклучување на сите засегнати страни. Осуда за тепачката стигна и од првата детска амбасада „Меѓаши“. Оттаму ја повикаа министерката дескоска целосно да го истражи случајот која пак вчера изјави дека училиштето е контактирано преку Државниот просветен инспекторат и им е посочено дека треба да ги преземат сите законски мерки за разветлување на насилството. За овој случај информирана е и полицијата од каде  потврдија дека во понеделник на разговор се повикани учениците, нивните родители и стручните служби од училиштето. За овој случај не се отфрла можноста за инцидентот да бидат поднесени и кривични пријави.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.