Рочиштето за „Насилство во Центар“ одложено за 27 декември

18.12.2017 | 12:09
Прочитано: 568

Судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ е одложено за 27 декември годинава. Причина за одложувањето е тоа што не биле обезбедени услови за снимање на денешното рочиште.

Во „Насилство во Центар“ обвинети беа 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.