Режисерот Бојаџи обвинува: Советникот Вишка преку социјалните мрежи најавува инспекции

16.09.2018 | 19:16
Прочитано: 2591

Не стивнуваат реакциите и оценките за најновиот филм „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи, кој се очекува наскоро премиерно да биде прикажан во државата. Бојаџи на неговата Фејсбук страна го обвини актерот и советникот за култура, Висар Вишка дека нема право како советник во кабинетот на министерот за култура, Асаф Адеми, да објавува информации на Фејсбук дека имало испратено инспекција во неговата продукција. Режисерот на филмот го прашува дали од позиција на советник седи во кабинетот на Министерот за култура и испраќа инспекции.

„Ако Висар Вишка знае на 13. септември дека на 17. истиот месец во приватна фирма ќе има инспекција, логично е да се претпостави дека тој знае и за пријавата на Јавното обвинителство која постои, а ние не знаеме, а за која тој уште завчера најави дека ќе се случи! Значи ли тоа дека актерот Висар Вишка од позиција на советник, седи во кабинетот на министерот за култура, составува комисии, праќа инспектори и пишува пријави, кои Јавното обвинителство само формално подоцна ќе ги потпише и објави во свое име?! Прашувам, овој пат за себе, со време да си го спремам торбичето“ - вели Јани Бојаџи.

Режисерот на филмот, Јани Бојаџи рече дека засега не сака јавно да говори, не информираше дека наскоро „Ругање со Христос“ ќе биде промовиран пред македонската публика, но и дека се уште не може да разбере како можат да зборуваат за едно уметничко дело кое не го гледале, а за тоа каква вредноста има филмот, Бојаџи вели дека доволно говори наградата од  Монтраел. И советникот за култура, Висар Вишка не сака јавно да зборува за случувањата кои ги иницира филмот и за Фејсбук преписките, образложувајќи дека останува на ставовите кои ги напишал и дека не сака дополнително да говори и промовира филм кој има лоши рецензии за сценариото.

„Иако се знаеше дека ќе предизвика голем гнев и омраза, упорно советував да не му се направи реклама на злобен филм. Но поради големиот гнев што го предизвика и големиот одек по сите новини и портали и вон Македонија каде навредената страна ги поистоветуваа сите Македонци со вакви злосторници во најскапата уметност, и го обвинуваа и Министерството кое немаше никаков удел во ова, одлучија да реагираат за да ги смират страстите, покажувајќи дека токму македонски рецензенти неколку години по ред напишале лоши рецензии за сценариото со насока да не се финансира. Како помина? Тоа ќе покаже комисијата нели“ - смета Висар Вишка.

Инаку, филмот предизивика низа реакции во јавноста кога министерот за култура, Асаф Адеми и директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија врз основа на трелјерот, филмот го оценија како скандалозен, без уметнтичка вредност, кој ги навредува чувствата на Албанците. Филмот на Бојаџи беше поддржан од Агенцијата за филм во 2015 година, а во Монтреал доби награда за иновативност.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.