Ректоратот застана зад студентите, бара Владата да го повлече предлогот

26.12.2014 | 17:11
Прочитано: 3524

По примерот на студентите, денеска и професорите со свирчиња и транспаренти во рацете одржаа професорски пленум на Филозофскиот факултет.

Горди на своите студенти кои, како што велат, им одржаа лекција по демократија и граѓански активизам, јавно и порачаа на власта да го чуе гласот на академската заедница. 

Побараа повлекување на предлогот за државен испит, во спротивно најавуваат граѓанска непослушност.

Од комплексот факултети, професорите се упатија кон Владата за да им се придружат на студентите.

Претходно утринава, Ректорската управа на најголемиот универзитет во Македонија, Кирил и Методиј едногласно побара повлекување на законот за високо образование, бидејќи предложеното решение е многу изменето во однос на тоа што ним им било презентирано.

Новите одредби претставуваат суштински промени на текстот, со што се наметнува потребата донесувањето на предложените закони да се одложи за да се овозможи поширока јавна расправа и дебата со законски и стручни аргументации, односно чинителите во високото образование – стои во заклучоците на Ректорската управа.


Галена Николовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.