Рекордна продажба на клима-уреди во Германија поради топлотниот бран

10.08.2018 | 10:18
Прочитано: 745

Топлотниот бран во Германија предизвика рекордна продажба на клима-уреди, јави ДПА.

Германското индустриско здружение ФГК-Клима, објави дека над 200.000 клима уреди се продадени оваа година, во споредба со просек од 150-160.000 во други години.

Здружение на продавачи на мало објавија зголемена продажба на мобилни климатизери и вентилатори.

Според нивните податоци во првата половина од годината биле продадени над 70.000 уреди.

Околу три отсто од домаќинствата во Германија имаат клима уреди.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.