Реконструкцијата на „Коста Новаковиќ” и кружниот тек во Aеродром се градат небезбедно и споро, обвинуваат граѓаните

14.09.2018 | 18:49
Прочитано: 1696

Прашина, багери, ископани улици, високи шахти –  жителите на стар Аеродром треба да поминат  низ ископнини и буквално покрај автомобили за да преминат улица додека се гради новиот кружен тек и се реконструираат улиците околу. Граѓаните се жалат дека додека траат градежните активности, местото не е обезбедно. Велат со месеци е раскопано и одвај се движат.

Од општината не одговорија зошто просторот не е обезбеден за пешаци додека се во тек градежните активности, ниту кога треба да биде готов кружниот тек.
Тврдат дека дека работите на терен се одвиваат согласно предвидените рокови.

„Оваа реконструкција овозможува безбеден пристап до поликлиниката Јане Сандански, ОУ Љубен Лапе и околните градинки. Се работи за најфреквентната улица под надлежност на Општина Аеродром, на која досега немаше ниту осветлување, ниту велосипедски патеки и тротоари во должина на целиот потег. Коловозот беше во лоша состојба и претставуваше опасност за минувачите, заради разронување на тампонот под асфалтот.“ - велат од Општина Аеродром.

Додека се одвиваат градежните активности отежнат е пристапот и до поликлината Јане Сандански. Од општината дополнително велат дека со ова сообраќајно решение ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе има тротоари и велосипедски патеки на целиот потег што води до поликлиниката Јане Сандански, двете градинки и ОУ Љубен Лапе.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.